Утрински Весник
Македонија

Силјановска: Има ли поголема промена од таа првпат жена да стане претседател

Uploads Thumbs Resize 800x420 637151.jpg
Screenshot

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Гордана Сиљановска-Давкова вечерва на прес-конференција упати најголема честитка до граѓаните по резултатите од претседателските избори. Таа рече дека македонските граѓани се одважија без оглед на етничка, верска, социјална и друга положба да излезат достоинствено и да го дадат гласот на оној којшто сакаат.

Pet Utrinski

– Се посветив на кампањата и го зборував тоа што го мислам, но наградата е непроценлива. Тоа значи огромна одговорност. Упатувам најголеми честитки до граѓаните, бидејќи покажаа граѓански имунитет, граѓанска отпорност на притисоците. Има ли поголема промена од таа првпат жена да стане претседател, има ли поголема инспирација – нема. Со мене, кога ќе се опкружам со слични на мене, свои, стамени кои умеат да изразат став, тоа е некаков голем исчекор и тоа за мене е голем чекор, рече Силјановска.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Таа додаде дека не е време за поделби, фалби, триумфализам…

-Мора ние да се обидеме да ставиме крај на валканизацијата, да помагаме едни на други. Ќе направам се да ги бранам државните и националните интереси – порача таа.

Сиљановска порача дека ќе се однесува како претседателка на сите граѓани.

– Не се согласувам со тезата дека гласовите сум ги добила заради набој со национализам. Тоа воопшто не е точно. Јас и во тимот имав и Албанци и Роми и Турци и ќе ги вклучам нив и во кабинетот. И ќе видите дека тие не само што имаат етничка припадност за која морам да водам сметка, туку зад себе имаат признанија, докторати. Впрочем, не попусто ја преведов програмата на сите јазици, додаде таа.

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија