Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ќе ја вратиме надежта на народот, резултатите ќе се почувствуваат во првите 100 дена на новата Влада

Mickoski.webp.webp
Screenshot

-Ова е историјска победа на народот, победи Македонија. Криминалот, корупцијата и неспособноста на досегашната Влада направија државата да пропаѓа, а народот да страда. Тие стотина луѓе од СДСМ и ДУИ денес ги боли главата затоа што знаат дека ќе одговараат. Поразен е и бојкотот на ДУИ. Народот докажа дека нема поединци да создаваат кризи. ДУИ станаа силно криминализирана структура. Време е заедно со СДСМ да одат во опозиција, истакна Христијан Мицкоски на прес конференцијата на која ја прогласи избрната победа.

Pet Utrinski

Тој истакна дека оваа генерација има можност да созададе нова историја, да ја врати надежта на народот, а резултатите ќе се почувствуваат во првите 100 дена на новата Влада. Истовремено најави дек многу брзо ќе почне преговори со партии за формирње на новата Влада.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

-Вечерва сум горд на народот што застана на пат на поделбите. Благодарност за сите што гласаа за ВМРО ДПМНЕ. Благодарност и за оние што не гласаа за ВМРО, рече Мицкоски.

Тој истакна дека денес е остварена двојна победа и и честиташе и на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова за која рече дека ќе ја врати гордоста на Македонија.

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија