Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Малцинствата се македонски граѓани, Мицкоски ве лаже! 

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Малцинствата се Македонски граѓани! Ние преговараме со ЕУ.  Мицкоски ве лаже!

Малцинствата не се туѓинци. Малцинствата се наши комшии, наши пријатели, наши другари, колеги, роднини и брачни партнери.

Малцинствата се Албанци, Срби, Роми, Хрвати, Бугари, Бошњаци, Турци, Власи… сите тие се македонски државјани.

Прашањето за малцинствата не е бугарско прашање. Тоа е европско прашање.

Ние преговараме со Европската Унија, а не со Бугарија.

Прашањето за малцинствата е европско прашање.

Организирана Криминална Група ВМРО призна дека јазикот, културата и националниот идентитет се заштитени!

Со внесување на Бугарите, покрај останатите малцинства во Уставот, се зајакнува македонскиот идентитет.

Тогаш е јасно дека Бугарите се малцинство во Македонија, како што Македонците се малцинство во Бугарија.

Тоа е признание на две држави и нивните народи!

Без малцинства во Уставот нема европска реформска агенда. Нема понатаму. Стоиме во место.

Мицкоски може да лаже и да ветува дека до 1. Јуни ќе ги исполни сите 10 точки.

Без оваа точка, нема поместување.

Малцинства во Уставот веднаш!

Можете да прочитате

Се бара притвор за дилер од Тетово

17 возачи уапсени поради безобѕирно управување со моторно возило

(Видео) Автобус се запали на автопатот Велес – Скопје