Утрински Весник
Спорт

Наполи покажаа заби за нов убедлив триумф, Бензема пак ги „реши“ Ливерпул

Наполи покажаа заби за нов убедлив триумф, Бензема пак ги „реши“ Ливерпул
300x250 (7)

Наполи и актуелниот шампион Реал Мадрид се последните два четврт-финалисти во Лигата на шампионите, комплетирајќи ја големата „осумка“ покрај Милан, Интер, Манчестер сити, Челси, Баерн Минхен и Бенфика во европската елита.

dobivaj vesti na viber

Наполи, повторно, доминираше против Ајнтрахт Франкфурт за 3:0 победа, и вкупна 5:0 победа во двомечот, додека Реал Мадрид во финишот стигна до 1:0 победа „Бернабеу“ за да ги потврдат пласманот по убедливиот 5:2 триумф на гости кај Ливерпул.

Ss1

Во Неапол, мечот на „Диего Армандо Марадона“ имаше „увертира“ со беснеењето на германските навивачи на улиците на градот и судирите со полицијата, но на теренот, имаше само еден доминантен тим. Наполи дојде во водство во финишот на првото полувреме, кога Виктор Осимен имаше одличен удар со глава, за во 53. минута, Нигериецот да стрела уште еднаш за 2:0.

Во 64. минута од мечот беше досуден пенал за домашниот тим, но наместо Осимен да го комплетира хет-трикот, од белата точка беше прецизен Пјотр Зиелински. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса да ги одигра последните 15-тина минути на местото на Хвича Кварацхелија.

Во Мадрид, пак, Ливерпул се наоѓаше пред голем предизвик да ја надополни предноста од три гола на „кралевите“. Првото полувреме помина со доволно шанси на двете страни, но за разлика од првиот меч, овојпат голманите Тибо Куртоа и посебно Алисон Бекер беа на нивото на задачата. Реал, сепак, на крајот запиша победа, откако во 78. минута, Винисиус Жуниор успеа да излезе сам пред Алисон, но не ја исконтролира топката и му ја додаде на Карим Бензема кој не згреши.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ОСМИНАФИНАЛЕ
Реал Мадрид – Ливерпул 1:0, прв меч 5:2, вкупно 6:2
Наполи – Ајнтрахт Франкфурт 3:0, прв меч 2:0, вкупно 5:0
ЧЕТВРТ-ФИНАЛИСТИ НА ЛШ
Наполи (Ита)
Интер (Ита)
Милан (Ита)
Реал Мадрид (Шпа)
Манчестер сити (Анг)
Челси (Анг)
Баерн Минхен (Гер)
Бенфика (Пор)

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал