Утрински Весник
Македонија

Две лица тешко повредени откако со „мерцедес“ излетале од патот

Soobrakajka.webp.webp

Денеска (31.10.2026)  во 01:10 часот  во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот „Пријателство”, атар на с. Трубарево, скопско, патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од с. Батинци, скопско, изгубило контрола и излетало од патот, кое притоа влегло во дворно место од семејна куќа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Н.М. и неговиот сопатник Д.Г.(39) од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 


Можете да прочитате

Редици пред Алта Банка и во Битола, од банката смируваат: „Ликвидни сме работиме согласно законите“

Седум возачи уапсени – возеле без положен возачки испит, под дејство на алкохол и со активна забрана за управување

ТХП прослави 27 години постоење