Утрински Весник
Спорт

Брајтон со нова победа, Брентфорд ги уништи надежите на Саутемптон

Брајтон со нова победа, Брентфорд ги уништи надежите на Саутемптон

Брајтон и Брентфорд продолжија со фантастичните игри оваа сезона во Премиерлигата, со победи во два заостанати мечеви. Брајтон со 1:0 беше подобар од Кристал палас за да остане на седмото место на табелата, а Брентфорд се искачи на осмото место по гостинската 0:2 победа кај Саутемптон, оставајќи ги „Светците“ на последното место на табелата.

dobivaj vesti na viber

Соломон Марч го постигна единствениот гол за Брајтон во 14. минута од мечот по асистенција на Каору Митома, за тимот на Роберто де Ѕерби да продолжи со фантастичните игри.

На „Сент Мерис“, пак, Ајван Тоуни го продолжи својот голгетерски поход, со гол во 32. минута, за Јоане Виса во 97. минута да ја потврди новата победа за Брентфорд.

ПРЕМИЕРЛИГА, ЗАОСТАНАТИ МЕЧЕВИ
Брајтон – Кристал палас 1:0
Саутемптон – Брентфорд 0:2

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка