Утрински Весник
Македонија

МВР со детали за тепачката меѓу навивачките групи пред „Јане Сандански“, едно лице повредено, едно приведено

Img 6925.jpeg

На 31.10.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.М.(18) од Скопје, поради учество во тепачка пред Спортскиот центар „Јане Сандански” во Скопје, за време на одигрување на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на КК „Скопје 2023″ и КК „Работнички”.

Според пријавеното, М.М., како член на навивачката група „Фемили Аеродром”, повикувал, поттикнувал и учествувал во тепачка, во која група од околу 30 навивачи на „Фемили” физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички”, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар. Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош.


СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Мајка ја тепала 12-годишната ќерка, доби кривична пријава

Излезноста до 11 часот во Брвеница изнесува 13,82 отсто – зголемена во однос на првиот круг

Шест возачи приведени, дел од нив пијани, без дозвола или возеле во спротивна насока