Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Реформите во високото образование даваат конкретни резултати

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

ВЛЕН оценува дека реформите во високото образование се материјализираат во практика, одразувајќи ги барањата на академската заедница и албанските универзитети.


Во таа насока, учеството на Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали на панел-дискусијата организирана на Универзитетот „Мајка Тереза” за институционална консолидација и законодавството во високото образование, го потврдува ангажманот за конкретна имплементација на реформите.

Фактот што правните предизвици на Универзитетот „Мајка Тереза”, вклучително и прашањата поврзани со Статутот, веќе се надминати, покажува дека реформите не останале само на хартија, туку се спроведува функционален модел кој гарантира стабилност, квалитет и универзитетска автономија.

ВЛЕН потенцира дека високото образование останува приоритет, со фокус на подобрување на условите за студентите и академскиот кадар, како и на градење силни институции кои придонесуваат за развојот на државата.

Преземените реформи носат конкретни промени, вклучително и укинување на Х-индексот како основен критериум за евалуација на академскиот кадар, гарантирање на сигурноста на работните места и создавање повеќе можности за професионален развој.

Во оваа насока, студентот останува во центарот, додека универзитетот се зајакнува како темел на општествениот и економскиот развој.

Можете да прочитате

Поднесена кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје

Муцунски во работна посета на Даблин, Ирска

АХВ врати 23,6 тони пилешко месо произведено во јануари 2025 година