Утрински Весник
Македонија

Филипче: Кога ќе си замине оваа банда, ќе одговара за украдените народни пари

Filipce sdsm press 1.jpg

Кога ќе си замине оваа банда, ќе одговара за украдените народни пари, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласувајќи дека актуелната власт нема кредибилитет и дека граѓаните се соочуваат со застој и манипулации во однос на европскиот процес.

„Реформите се викаат Уставни измени и почеток на преговори, отворање на поглавјата. Тоа е вистинскиот пат напред. Ниту Христијан, ниту бандата нека не мачкаат очи, нека не лажат. И ако не сакаат, нека си заминат, затоа што ќе одговараат сите”, рече Филипче.


Филипче потенцираше дека власта две години не испорачала реални резултати во рамки на реформската агенда.

„Гледаме дека најавуваат работа на реформска агенда, а што правеа две години? Ништо не направија, не сакаат да работат. Еве докажаа, и секој ден се докажува дека лажеле граѓаните и Гордана и Христијан и Тимчо. Лажеле. На тие луѓе не може да им се верува. Тие луѓе немаат кредибилитет да водат државата. Ги интересира само нивниот интерес, а не интересот на сите граѓани. Ги злоупотребија и ги излажаа, вклучувајќи ги членовите на ВМРО, коишто после заминувањето на оваа група на власт, повторно ќе живеат во изолирана Македонија и сиромашни. А кога таа банда ќе си замине, ќе им биде добро, затоа што живеат од украдени народни пари, ама ќе одговараат и ќе враќаат пари, порача Филипче.

Можете да прочитате

Средба на Јавниот обвинител Савески со директорката на ОТА Јаническа

ВЛЕН: Реформите во високото образование даваат конкретни резултати

Едно мислат, друго зборуваат, трето прават