
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор
11 месеци наназад го најавуваме токму ова што денес се случува со Алта банка.
Реагиравме, предупредувавме, баравме реакции.
Алта банка а.д Белград беше систем за перење пари, украдени од граѓани, пари од криминал и корупција.
Финансискиот систем во Македонија сега загрозен затоа што Мицкоски ги постави своите лични интереси и интересите на бандата пред интересите на граѓаните на Македонија.
За ова мора да се одговара.
Не смее Народна банка и Обвинителство да молчат и да се прават како ништо да не се случува.
Алта банка а.д. Белград изгуби дозвола за работа и веќе е во стечај. Само еден ден претходно Народната банка на Србија издаде соопштение дека состојбата е редовна. Следниот ден ја укина дозволата за работа на Алта банка. За еден ден блокада од милијарда динари.
Вицегувернерите бараат обвинителството да отвори истрага кој знаел за проблемите и зошто не реагирал. Обвинителката Савовиќ вели: Алта банка служела отприлика за перење на нелегален капитал на оваа држава.
Предметот е отворен во однос на сопственикот и директорот.
Сопственикот на банката подигнал во Трезорот 37 милиони евра во кеш со дозвола на гувернерот. Фалат 20 отсто од депозитите на банката. Во банката влегол ЕУРОЏАСТ.
А Народна банка кај нас не презема ништо.
Трајко Славески вчера изјави дека е нормално банката да префрла енормни количини пари.
Денес се поставува прашањето: што ќе биде со Алта банка во Македонија кога е во речиси целосно сопственост на српската банка?
Во Битола има редици од луѓе пред банката. Граѓаните се вознемирени, фирмите, компаниите.
Банката го скрати работното време поради големи гужви за подигање пари и затворање сметки на населението.
Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија.
Депозитите на јавните претпријатија, на министерствата и на фирмите поврзани со криминални тендери сега се под ризик.
Цело ВМРО-ОКГ во структурите на Банката.
Наместо да молчат, институциите мора да реагираат вендаш.
Бараме од Народната банка уште денес да ги преземе сите законски мерки.
Бараме од обвинителството уште денес да поведе кривична постапка против Мицкоски, против гувернерот Славески и против сите што учествуваа во процесите околу Алта банка.
Пандорината кутија е отворена. Домино ефектот продолжува. Падна Орбан. Паѓа Вучиќ. Сега се ред на Мицкоски и на ВМРО-ОКГ.
Криминалниот картел се распаѓа.


