Утрински Весник
Економија

Европска недела за безбедност и здравје при работа

Rabota na pat.jpg

Утре (среда, 28 октомври 2026 г.), во хотелот „Александар Палас” во Скопје, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи настан со кој ќе се одбележи Европската недела за безбедност и здравје при работа.

Настанот го организира Советот за безбедност и здравје при работа, со поддршка на Меѓународната организација на трудот (МОТ), во рамките на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија”, финансиран од Европската Унија.


На настанот ќе учествуваат претставници на ресорните државни институции, Делегацијата на ЕУ, МОТ, Европската агенција за безбедност и здравје при работа, како и од организациите на работодавачи, синдикатите, компаниите и стручната јавност во земјава.

Главните теми на настанот ќе бидат унапредувањето на безбедноста и здравјето на работните места, грижата за менталното здравје и превенцијата на психосоцијалните ризици, како и развојот на култура на превенција и споделувањето добри практики од домашните компании. Ќе бидат доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Можете да прочитате

Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Николоски: Извозот е прв приоритет за домашната економија

Народната банка ги одбележува Светскиот ден на штедењето и Деновите на финансиската писменост