Утрински Весник
Македонија

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

Img 6972.jpeg

„Сами против сите“ е реакцијата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по поразот на партискиот кандидат Стојанчо Радичевски во Брвеница од Аркин Јахији, кандидат на Националната алијанса за интеграција, предводена од ДУИ.

Во објава на Фејсбук, Мицкоски оцени дека неговата партија настапила со изборна програма и концепт, додека противниците, според него, се потпреле на демографијата и националната карта.


„Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови“, напиша Мицкоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ забележала раст на поддршката во однос на првиот изборен круг, како и во споредба со парламентарните избори, но дека тоа не било доволно за победа.

„Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа“, наведе тој.

Мицкоски им се заблагодари на жителите на Брвеница и порача дека поддршката од Владата ќе биде за сите, независно од тоа за кого гласале.

„Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата. Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа“, напиша Мицкоски.

Според објавените податоци на Државната изборна комисија, по обработката на сите 24 избирачки места, Јахији освоил 4.442 гласа, а Радичевски 4.177, односно разликата изнесува 265 гласа.

Можете да прочитате

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?

Побаран притвор за 20-годишник: Удрил дете во глава пред „Јане Сандански“, тоа се онесвестило