Утрински Весник
Македонија

Приведен Драган Даравелски на Табановце

Денеска (10.01.2023) на ГП Табановце е приведен Д.Д. , кој се бараше со меѓународна потерница, и ќе биде пренесен во надлежната казнено поправна установа ни изјавија од МВР за 24инфо.

Драган Даравелски е поранешниот директор на Царинската управа кој во 2007 год. беше осуден во отсуство на 7 години затвор, и кој беше баран со потерница на Интерпол, еднаш веќе во 2016 год. беше уапсен во Белград но до ден денешен не се случи неговата екстрадиција.

Тој се товареше дека додека бил на функција на службено лице, ја злоупотребил службената должност и овластување, а неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски беше обвинет за истото дело, но и за фалсификување службена исправа. Според обвинението, државата била оштетена за 2,5 милиони евра

Со истата пресуда судот одлучи на двајцата да им се заплени имот во висина од 103 575 167 денари

Можете да прочитате

(Видео) Јовев: Не сум жртва на политички реваншизам, почна како суета, но може да прерасне во политички пазар

(Видео) Адвокатот на Јовев: Причината за смената се исплатени дежурства од 2022 година без потпис од министерот што е навреда на здравиот разум

СДСМ со граѓаните во Центар и Сарај: Со изградбата на коридорите најмалку 600 милиони евра за домашните комапнии