Утрински Весник
Спорт

За Барса одигра 17 минути, ќе ги наплати 8.500.000 евра

За Барса одигра 17 минути, ќе ги наплати 8.500.000 евра
300x250 (7)

Судот во шпанската покраина Каталонија, донесе одлука во спорот помеѓу Барселона и поранешниот играч на овој клуб Матеус Фернадеш. Судот и наложи на Барселона да му плати на Фернандеш 8.500.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Матеуш Фернандеш поднесе тужба против Барселона бидејќи добил отказ преку мејл и затоа што кога пристигнал во Барселона не и би официјално претставен на јавноста, то е редовна пракса кога нов играч ќе пристигне во клубот.

Ss1

Фернандеш одигра вкупно 17 минути за првиот тим на Барселона по пристигнувањето на „Камп Ноу“, во јануари 2020 година. Тие 17 минути ги одигра против Динамо Киев.

Барселона го донесе Фернандеш за околу 7.000.000 евра од Палмеирас и веднаш го испрати на позајмица во Ваљадолид каде забележа само три настапи.

Во летото 2021 година, Барселона реши да ја прекине соработката со Фернандеш и тоа го направи на непопуларен начин, преку електронска пошта, а тој реши целиот случај да го однесе на суд.

Неговите адвокати бараа отштета од 14.000.000 евра, но одлуката на судот е сумата да биде 8.500.000 евра.

Во тоа време, Фернадес зборуваше за „Глоубспорт“ за начинот на кој тој беше отпуштен:

„Не знам која беше причината. Бев дома и се подготвував да излезам со сопругата кога добив порака од клубот со прашање дали сè уште ја имам истата адреса на електронската пошта. Кога потврдив дека е истата, добив мејл кој не го разбрав и веднаш го проследив до менаџерот и адвокатот. Ми кажаа дека сум отпуштен“, изјави тогаш тој.

Казната е уште еден голем удар за финансиите на Барселона и веројатно ќе влијае врз трансфер-активностите во овој и во летниот преоден рок.

Ss1

Можете да прочитате

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс