Утрински Весник
Македонија

Талески е спроведен на одлежување на ефективна казна затвор во прилепскиот затвор

Taleski

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, од вчера попладне е спроведен на одлежување на ефективна казна затвор во прилепскиот затвор за криминалот со школскиот превоз. А секретарот на Општина Битола во неговиот мандат, Слободан Бончановски, од вчера е спроведен во битолскиот затвор.

Веста за влегувањето на Талески и Бончаноски во затвор за „Независен“ ја потврдуваат и од Битолскиот и од Прилепскиот затвор.

„Од вчера приквечерина осудениот Талески е спроведен во нашиот затвор на издржување на ефективна казна затвор, со оглед на тоа што Апелација ја потврди пресудата на Основниот суд иако ја намали за една година. Осуден е на 7 години затвор, но се одзема времето поминато во домашен притвор од околу 3 години“, изјави за „Независен“, Александар Дамески, директор на прилепскиот затвор.

Дамески вели дека новиот затвореник Талески немал некои посебни барања при сместувањето, но дека во затворот кон сите се постапува според куќниот ред.

Според последната одлука на Апелацискиот суд во Скопје, Талески и Бончаноски се единствените осудени со казни затвор во случајот „Транспортер“ на СЈО. Затворските казни за дел од превозниците Апелација ги преиначи во условни.

Со оглед на тоа што и Талески и Бончановски досега беа во домашен притвор од летото 2016 со прекини до вчера, на екс-градоначалникот му останува да одлежи ефективна казна затвор од уште 4 години,  за злоупотреба на службената положба и овластување за криминал направен со бесплатниот ученички превоз во Битола, додека на Бончановски од изречените 5,6 години казна затвор, му остануваат да одлежи уште 2 години и девет месеци.

За овој случај кој според обвинението тежи 360 илјади евра, според пресудата на скопските судови ќе треба да се надомести и штета на државата, но не е јасно кој ќе ја надомести штетата предвидена за конфискација – дали превозниците или осудените Талески и Бончановски.

Можете да прочитате

34 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

173 санкции за брзо возење

Жена од Кочани измамила тетовец, му ветувала странски документи