
Денеска со почеток во 14 часот во Скопје се одржа протестен марш во знак на поддршка за поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, и за останатите тројца поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) – Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весели.

Собирот започна кај споменикот „Скендербег“, каде што присутните граѓани носеа транспаренти со пораките „Слобода“ и „Правда“. На протестот присуствуваа и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.
Според организацискиот совет, на маршот беа поканети семејства на загинати, ветерани, воени инвалиди, поранешни политички затвореници, како и претставници од верскиот, академскиот и граѓанскиот сектор.
Реакцијата и протестот следуваат откако Специјализираниот совет во Хаг на 16 септември донесе първостепена пресуда со која Тачи и Красниќи беа осудени на по 25 години затвор, Весели на 18, а Селими на 13 години затвор за воени злосторства, додека беа ослободени од обвиненијата за злосторства против човештвото. Пресудата подлежи на право на жалба.

Извор: 4news.mk

