Утрински Весник
Балкан

Претседателот на грчка Сириза бара од властите во земјава да се вразумат и да размислат за одговорноста кон својот народ

Flag Of The Syriza.svg .png

Како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Северна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности за иднината на нејзиниот народ, вели претседателот на грчката опозициска партија Сириза, Стефанос Каселакис, по денешната инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова која во свечената изјава не го изговори уставното име Република Северна Македонија, туку користеше само Македонија.

Каселакис, во објавата на социјалните мрежи, упати низа прашања и критики до грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во однос на неговиот став и противење за Договорот за Преспа од времето додека тој делуваше како опозиција во Грција.

„Премиерот вели дека не му се допадна Договорот, но ‘државата има континуитет и затоа треба да се почитува’. Не, господине Мицотакис. Никогаш не молиш да се почитува нешто што е негативно за твојата земја”, напиша Каселакис, додавајќи дека или се смета за корисен договор за Грција и се почитува или се смета за лош договор и се поништува.

Претходно, реакција за говорот на Силјановска-Давкова пристигна и од грчкото МНР од каде беше соопштено дека со овој чин, таа го прекршила Договорот од Преспа и Уставот на земјата.

„Грција, во овој контекст, категорично наведува дека натамошниот напредок во нејзините билатерални односи со Северна Македонија, како и европскиот курс на оваа земја, зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и, пред се, од употребата на уставното име на земјата“порачуваат од грчкото Министерство за надворешни работи.

На реакцијата на грчкото МНР, претходеше демонстративното напуштање на собраниската сала на амбасадорката на Грција во земјава, Софија Филипиду, откако новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова не го употреби уставното име на земјава.

Можете да прочитате

По Македонија и БиХ и Грција ја стресе земјотрес

Попладнево земјотрес и во Босна и Херцеговина

Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени