Утрински Весник
Македонија

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Messenger Creation 3683a74b 0b67 44bf 88be 7f3eff3d5098.jpeg

Под влијание на влажна  и свежа воздушна маса од север, во вторник и во среда повторно во Македонија очекуваме зголемена облачност и врнежи на повеќе места. Особено во вторник на повеќе места ќе биде  и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е  и појава на локално невреме.

Повремени врнежи од дожд и свежо време во овие два дена очекуваме и во Скопје  и околината, со тоа што особено во вторник во делови од котлината ќе има и развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие во овие два денови ќе биде под просекот за месец мај и ќе се искачува во интервалот од 12 до 20 степени преку ден, што е навистина свежо за средината на месец мај.

Умерен топол бран од Африка нашата територија се очекува да ја зафати од 17 мај, но и тогаш не треба да очекуваме во целост стабилна Атмосфера.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана