Утрински Весник
Македонија

Вечерва трето апсење во врска со убиствата во Ѓорче Петров

Policzija soobrakajka.jpg

Уште едно лице вечерва е уапсено под сомнение за поврзаност со убиствата во скопската општина Ѓорче Петров, дознава неофицијално 4NEWS. Според информациите на медиумот, ова е трето апсење во врска со двата случаи.

Претходно во текот на денот беше објавена информација за приведување на едно осомничено лице. Засега нема официјална потврда за вкупниот број приведени, ниту детали за нивната евентуална поврзаност со двете убиства.


Во Ѓорче Петров, во период од пет дена, беа пронајдени починати 62-годишен маж и 76-годишна жена, двајцата со видливи траги од насилство.

Жената беше пронајдена утрово во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“, додека случајот со починатиот маж беше пријавен на 22 октомври.

Од надлежните институции се очекуваат официјални информации за приведувањата, основите на сомнежот и евентуалната улога на секое од лицата во двата случаи.

Можете да прочитате

Скрински: Кој и да стане претседател, Софија нема значително да го смени ставот кон Македонија

Пекевски: Очекувам Вучиќ да се врати на власт за една година

Пекевски: Кој ја финансираше кампањата на Студентската листа во Србија?