Утрински Весник
Македонија

Петровска се сретна со генералот Беноа Дуре – директор на Институтот за високи студии за национална одбрана на Франција

Петровска се сретна со генералот Беноа Дуре – директор на Институтот за високи студии за национална одбрана на Франција

За време на работната посета на Франција, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, го посети и Институтот за високи студии за национална одбрана на Франција, каде што имаше официјална средба со директорот на Институтот, генерал-потполковник Беноа Дуре.

dobivaj vesti na viber

За време на средбата се реафирмира значајноста на склучувањето на договорот за соработка во одбраната, со што ќе се создадат многубројни можности за обука и едукација на нашите припадници на високите престижни школи во Франција.

Воедно, се дискутира и одбранбено-безбедносната проблематика во регионот, при што министерката Петровска ја потенцира значајноста за интензивна интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Петровска се заблагодари за поддршката и можноста нашите претставници да се едуцираат на Институтот за високи студии за национална одбрана.

Институтот за високи студии за национална одбрана на Франција има цел да ја промовира културата на одбраната, да учествува во зајакнувањето на националната кохезија и придонес во развојот на стратешкото размислување за прашањата од одбраната и безбедноста. Во два наврата наши претставници учествуваа на курсот „Вооружување и одбранбена економија“ на Институтот за високи студии за национална одбрана.

 

Можете да прочитате

Левица: ЕК го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Мицкоски најавува намалување на акцизи a со месеци одбива да преземе мерки, велат од СДСМ

Уапсен тетовец кој возел без возачка и направил сообраќајка