Утрински Весник
Македонија

Петровска: Доставивме барања за реформи во СДСМ, а за помалку од еден час добивме циничен одговор

Img 6520.jpeg

Иницијативата за промени во СДСМ не добила суштински одговор на барањата за внатрепартиски реформи, изјави Славјанка Петровска во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. Според неа, реакцијата од партијата пристигнала за помалку од еден час по доставувањето на дописот, а начинот на кој било одговорено не покажал подготвеност за сериозна дискусија.

Петровска објасни дека дописот бил доставен во партиската архива со очекување да се отвори простор за разговор за предложените промени.


„Одговорот беше даден за помалку од еден час, со една доза на цинизам и смеење, би рекла“, изјави таа.

Според Петровска, ваквата реакција ја доведува во прашање претходно изразената подготвеност на раководството за дијалог и дискусија за иднината на СДСМ.

Меѓу барањата на иницијативата, како што посочи, биле формирање работна група што независно би го разгледала внатрепартискиот избирачки список и статутарни измени со кои членството би добило поголемо учество во одлучувањето.

Петровска нагласи дека целта на иницијативата не е борба за функции, туку промена на начинот на кој функционира партијата.

„Очигледно дека тоа беше нивниот начин како да го отворат и практично да се обидат да го запрат процесот за демократизација. Тој процес не може никој да го запре“, порача Петровска.

Таа додаде дека засега нема нов повик за разговори со раководството. Сепак, најави дека платформата ќе продолжи со своите активности и дека наскоро ќе го објави следниот чекор поврзан со барањата за реформи во СДСМ.

Можете да прочитате

Петровска: Граѓаните заминуваат, власта не прави исчекор кон ЕУ

Петровска: Останувам во СДСМ и продолжувам да барам промени на раководството

Петровска до раководството на СДСМ: Две години подоцна, ништо не е променето!