Утрински Весник
Спорт

Лазаров: Нема да биде лесно против Турција, да не се залажуваме со нивниот пораз од Португалија

Лазаров: Нема да биде лесно против Турција, да не се залажуваме со нивниот пораз од Португалија

Ракометната репрезентација на Македонија на убедлив начин го почна патот низ квалификациите за пласман на Европското првенство откако на домашен терен го совлада Луксембург со 38:24. Но, веќе в недела следува многу поголем предизвик, гостување во Турција.

dobivaj vesti na viber

Селекторот Кире Лазаров предупреди дека тој и ракометарите нема да се залажат од високиот пораз на Турците против Португалија (27:44).

„Пред нас е еден потежок натпревар бидејќи ќе бидеме гости и затоа што Турција е многу посериозна репрезентација од Луксембург. Без разлика што Португалија беше убедлива против Турците, тој резултат не смее да нѐ залаже. На Турците им недостигаа двајца важни ракометари на овој меч, кои ќе играат в недела. Верувам дека и ние ќе го имаме Дејан Манасков, кој треба да го одработи денешниот последен тренинг. Подготвени сме, но мора да бидеме и внимателни“, изјави Кире Лазаров.

Пласман на Европското првенство ќе обезбедат двете најдобри селекции во групата, како и четири најдобри од осумте третопласирани во сите квалификациски групи.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија