Утрински Весник
Македонија

Свечена заклетва на 30.класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

8 .jpg

„Денеска е еден од оние денови кои што се паметат цел живот. Ден кога со гордост, пред сите нас, пред своите семејства и пред татковината, ја дадовте заклетвата со која  презедовте една од најголемите одговорности со која што може да се носи еден млад човек а тоа е да и служи на својата татковина”, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски кој денеска на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” се обрати по повод свечената заклетвата која ја дадоа 30. класа питомци.

На свеченоста на која присуствуваше началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, високи претставници од Министерството за одбрана и Армијата, претставници на воено – дипломатскиот кор, родители и роднини на питомците, министерот Мисајловски посочи дека воената професија бара силна физичка подготвеност, психолошка издржливост, дисциплина. Тој додаде дека со максимална посветеност во наредните четири години питомците ќе научат да носат одлуки кои ќе бидат клучни во заштитата и безбедноста на државата и со тоа да ја оправдаат довербата кај граѓаните. „Затоа, учете и усовршувајте се. Бидете тим, почитувајте се меѓусебно и никогаш не заборавајте дека силата на Армијата не е само во способностите на поединецот, туку и во единството и довербата меѓу нејзините припадници” нагласи Мисајловски.


На денешната свеченост присуствуваа и питомците од Босна и Херцеговина, на кои министерот Мисајловски им посочи дека нивното присуство на Воената Академија е потврда дека Академијата е место на знаење, меѓународна соработка и взаемна доверба. „Вашето заедничко образование е многу повеќе од размена на знаења. Тоа е инвестиција во меѓусебната доверба, во пријателството и во регионалната безбедност”, рече Мисајловски.

Деканот на Воената академија, полковник Ненад Танески, се осврна на заклетвата и вредностите кои се значајни за секој питомец кој ја избрал офицерската професија како свој животен пат и им порача нивниот личен интерес секогаш да биде пред должноста.

„Пред вас се години на учење, воена обука, предизвици и лични победи. Ќе се подготвувате да станете офицери што ќе умеат да размислуваат, да одлучуваат и да ги водат луѓето со личен пример. Но запомнете: добриот офицер не се препознава само по тоа како командува, туку и по тоа како се однесува кон луѓето што му се доверени”, истакна деканот Танески .

Тој им се заблагодари на министерот Мисајловски и Началникот на Генералштабот, генералот Лафчиски за значајните исчекори во полето на модернизација и опремување на Армијата,  обновувањето на воената инфраструктура како и за подобрувањето на условите во кои живеат, работат и се обучуваат припадниците на Армијата.

„За нас, на Воената академија, од особено значење е што во овие развојни процеси се препознава и важноста на образованието, обуката и создавањето нови генерации офицери. Поддршката што ја добиваме ни овозможува да ги унапредуваме условите за работа и да градиме Академија подготвена да одговори на современите потреби на Армијата”, рече деканот на Воената академија.

Оваа година на Воената академија како дел од 30-та генерација, запишани се 34 питомци од кои 28 (20 мажи и 8 жени) за потребите на македонската Армија  и 6 (4 мажи и 2 жени) за вооружените сили на Босна и Херцеговина.

Можете да прочитате

Вештак на судењето на Ѓоко Ристов: Белешките на заѕиданите 350.000 евра ги пишувала неговата мајка

За 161 судија побарано утврдување одговорност, судовите со над 134.000 нерешени предмети

Полицијата вчера привела седум возачи кои возеле без да имаат положено