Утрински Весник
Македонија

Петровска: Граѓаните заминуваат, власта не прави исчекор кон ЕУ

Img 6517.jpeg

Власта нема политичка волја да направи исчекор со уставните измени и да го придвижи евроинтегративниот процес, оцени пратеничката Славјанка Петровска во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. Таа ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ дека, и покрај ветувањата за подобра преговарачка рамка со Европската Унија, досега не понудила конкретно решение.

„Се плашам дека има сериозен недостаток на политичка волја процесот политички да се помести напред. Или, да бидам многу подиректна, не гледам дека има каква било волја кај власта да направи исчекор во поглед на уставните измени“, истакна Петровска.


Таа потсети на ставовите на тогашната опозиција во 2022 година, за време на дебатата за францускиот предлог. Според неа, најавите дека со промената на власта ќе бидат обезбедени подобри услови за државата не се оствариле.

„Тие тврдеа дека кога ќе дојдат на власт, сè ќе биде подобро, па вклучително и преговарачката рамка. За жал на Македонија и за жал на сите граѓани, особено на оние кои секојдневно заминуваат или ги пакуваат куферите за да си одат оттука, нема промена на преговарачката рамка“, рече Петровска.

Пратеничката нагласи дека европскиот процес не смее да служи како изговор за одложување на домашните реформи. Посебно ја посочи борбата против корупцијата како област во која власта треба да покаже резултати.

Според Петровска, одговорноста за придвижување на процесите е кај носителите на власта, кои треба да понудат решенија наместо постојано да ја префрлаат вината.

„Кога сте власт, не може постојано да одите со реториката дека некој друг нема право. Тоа не поминува во европските кругови. Таму се бара одговор, а власта треба да го даде“, порача Петровска во „Ноќно студио“.

Можете да прочитате

Петровска: Доставивме барања за реформи во СДСМ, а за помалку од еден час добивме циничен одговор

Петровска: Останувам во СДСМ и продолжувам да барам промени на раководството

Петровска до раководството на СДСМ: Две години подоцна, ништо не е променето!