Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Ново здружување на филхармониите од регионот 25 години по проектот Балканска филхармонија

20250105110410 Big 730x400 38.webp.webp
300x250 opst2

Националната филхармонија, заедно со Софиската и Солунската филхармонија, на 17 февруари во салата на НДК во Софија ќе ја изведат сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, под диригентската палка на маестро Најден Тодоров.

Како што соопштија од Филхармонијата, овој проект беше договорен кон средината на минатата година на иницијатива на маестро Тодоров како своевиден симбол на културната соработка во регионот.


-На концертот на 17 февруари, сцената ќе ја делат музичари и солисти од трите земји, а првичната идеја е овој концерт да се повтори и во Скопје и Солун. Како солистка ќе настапи нашата сопранистка со интернационалната кариера – блескавата Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов (Бугарија), наведуваат од Филхармонијата.

Ова не е првпат, музичарите од балканските земји да реализираат заеднички проект. Во 2000 година, како што се посочува, на иницијатива на Македонската филхармонија се реализираше проектот Балканска филхармонија во која учествуваа музичари од сите балкански земји. Балканската филхармонија одржа три концерти во Скопје.

-Првиот концерт беше во 2000 година под диригентство на маестро Емил Табаков, а беше изведена Бетовеновата Деветта симфонија. Тогаш како солисти настапија Марија Муратовска-Наумовска, сопран од Македонија, Александра Милчева, мецосопран од Бугарија, Мариус Влад, тенор од Романија, и Адријан Ибраими, бас баритон од Албанија. Во изведбата учество земаа и Хорот на Македонската опера и балет, како и Хорот при Македонската радио-телевизија. За првиот концерт за Балканската филхармонија во Скопје беше снимен и долгометражниот документарен филм „Радост на животот“ во режија на Светозар Ристевски, кој ја доби и првата награда на фестивалот во Визбаден, Германија, а беше награден и на фестивалот „Земјата на виното“ во Калифорнија во 2002 година, потсетуваат од Филхармонијата.

Во 2001, се додава, се одржа и вториот концерт на Балканската филхармонија, на сцената на Универзалната сала во Скопје на кој беа изведени Симфонијата бр.2 „Барбара“ од македонскиот композитор Властимир Николовски и симфониската поема „Ѕвона“ од Сергеј Рахмањинов. Третиот концерт на Балканската филхармонија се одржа во 2002 година, а беше изведена маестралната Симфонија бр.2 „Воскресение“ од Густав Малер, стои во соопштението.

Можете да прочитате

Филипче: Ги боли што ја кажуваме вистината за нивните лаги со нивни зборови, тоа не е црна кампања 

Мицкоски: Неформалната коалиција на Венко, Али и Димче има само една цел, да дојде на власт по било која цена 

Утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови