Утрински Весник
Македонија

Народниот правобранител го истражува претресот во КПУ Затвор Скопје

Img 8907.jpeg

Народниот правобранител м-р Фатон Сељами, заедно со тимот од Механизмот за граѓанска контрола, денеска ја посети КПУ Затвор Скопје, каде оствари работна средба со директорот Бобан Утковски и заменик-директорот Баки Мустафи.

Како што информираат од институцијата, целта на посетата била да се добијат детални информации за вчерашниот претрес што го спроведоа припадници на Единицата за интервенции на затворската полиција, која е под директна надлежност на Управата за извршување на санкции.


Во рамки на посетата, Народниот правобранител разговарал и со дел од затворениците кои биле предмет на претресот. Акцентот бил ставен на начинот на кој постапувале припадниците на единицата, односно дали при спроведувањето на акцијата биле почитувани законските процедури и професионалните стандарди, како и дали евентуално дошло до пречекорување на службените овластувања или употреба на прекумерна сила.

Од Канцеларијата на Народниот правобранител соопштија дека тимот на Механизмот за граѓанска контрола и во текот на денот ќе продолжи со испитувањето на случајот.

По завршувањето на постапката и утврдувањето на сите околности, Народниот правобранител најавува дека ќе ја информира јавноста за своите наоди, како и за мерките и дејствијата што ќе бидат преземени.

Можете да прочитате

Патриотизмот не е парола, туку одговорност

СТАНОВИТЕ СТАНАА ЛУКСУЗ: Скопје поскапува, а во Европа квадрат чини и над 22.000 евра

ЛДП: На кој Мицкоски да му веруваме — на оној од април или на оној од август?