Утрински Весник
Македонија

Температурите до 36 степени, попладне дожд и грмежи

Vreme 4.webp.webp

По неколкудневното стабилно време, денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со чести сончеви интервали, но во попладневните и вечерните часови на повеќе места се очекува развој на локална нестабилност.

Според прогнозата, ќе има услови за пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме, особено во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен.


Утринските температури ќе се движат од 9 до 20 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 29 до 36 степени, што значи дека и покрај локалните врнежи ќе остане многу топло.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне во одделни делови од котлината можно е да има краткотраен дожд проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а температурата ќе се движи од 18 степени наутро до околу 34 степени во текот на денот.

Во продолжение на седмицата времето претежно ќе биде стабилно и топло, со умерен северен ветер кој локално повремено ќе засилува. Нова појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува во четврток, а слични временски услови повторно се прогнозираат и во недела.

Можете да прочитате

Николоски: Градскиот воз Драчево–Илинден ќе стартува најдоцна до 1 септември

Опозицијата на крстопат: Време за будење или почеток на политичка маргинализација?

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ гласаше против повисоки плати за Армијата и пожарникарите