Утрински Весник
Македонија

Подрум во Аеродром претворен во скривалиште за дрога

58500.jpg

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје открија поголема количина разновидна наркотична дрога во напуштени подрумски простории во станбена зграда на подрачјето на Општина Аеродром.

Акцијата била спроведена на 8 јули, по претходно преземени оперативни мерки и активности. При претресот, полицијата пронашла бела грутчеста материја, халуциногени печурки, кеса со поголема количина таблети екстази, марихуана, како и три дигитални ваги кои најчесто се користат при мерење и подготовка на наркотични средства.


Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, утврдување на лицата поврзани со дрогата и нивна кривична одговорност.

По комплетното документирање на случајот, против инволвираните лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ