Утрински Весник
Македонија

Шекеринска: Македонија во НАТО изгради кредибилитет што треба да се претвори во билет за ЕУ

Img 4339 1.jpeg

Патот до полноправното членство во НАТО беше долг и исполнет со бројни предизвици, но денес Северна Македонија се докажува како сериозна, одговорна и доверлива сојузничка која доследно ги исполнува своите меѓународни обврски. Токму тој кредибилитет, според Радмила Шекеринска, претставува една од најсилните дипломатски предности што државата треба да ја искористи во процесот на европската интеграција.

Во ексклузивно интервју за 4tv, објавено од 4news.mk и реализирано на Самитот на НАТО во Анкара, Турција, Шекеринска оцени дека учеството на Северна Македонија рамноправно со најмоќните светски држави носи сериозен политички капитал, кој мора мудро да се користи.


Таа истакна дека земјата денес е препознаена како партнер што ги исполнува преземените обврски, а токму тоа создава доверба и кај земјите-членки на Европската Унија.

„Кога ќе кажеме, како што денес кажувавме, дека испорачуваме, дека тоа што сме го ветиле го реализираме – тоа нè претставува во многу зрело светло кога ќе погледнат и од страна на членките на Европската Унија, но и билатерално. Тоа покажува дека станува збор за сериозна и одговорна држава“, изјави Шекеринска.

Според неа, позицијата што Северна Македонија ја има во НАТО значително се разликува од политичките предизвици со кои се соочува на домашен план. Во рамките на Алијансата, нагласи таа, сите членки се третираат рамноправно и токму тоа создава простор за искрен дијалог и заедничко решавање на безбедносните и политичките предизвици.

„Во оваа Алијанса сите сме еднакви. И во таа Алијанса мислам дека секоја земја гледа дека заедно можеме повеќе и подобро“, порача Шекеринска.

Таа оцени дека довербата што Северна Македонија ја стекнала како сигурен воен и безбедносен партнер не смее да остане само дипломатско признание, туку треба да биде силен аргумент во понатамошните евроинтегративни процеси. Според неа, државата има можност токму преку својата кредибилност во НАТО дополнително да ја зајакне својата позиција и во односите со Европската Унија.

Можете да прочитате

Кузеска: Изборниот законик – уште една лага и манипулација на Мицкоски

Манасиевски: Поради ниските рејтинзи СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик

Николоски: Следната година првите километри од автопатот Тетово-Гостивар, работиме и на железничко поврзување на Скопје со Албанија