Утрински Весник
Спорт

Мбапе го престигна Меси и стана лидер на листата на стрелци

20260719011110 big 730x400 64.webp.webp

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе постигна два гола против Англија ноќва во натпреварот за третото место на Светското првенство 2026 и испиша историја на Светските првенства. Со 22 погодоци на мундијалите стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување.

Мбапе до рекордот стигна на 27-годишна возраст, а на актуелното Светско првенство постигна 10 голови. Воедно, стана првиот фудбалер по Герд Милер во 1970 година што постигнал двоцифрен број голови на едно Светско првенство.


Со тоа го надмина Лионел Меси, кој има 21 гол, но Аргентинецот ќе има можност да ја подобри својата статистика во финалето против Шпанија.

Можете да прочитате

Приходите од Светското првенство 2026 ги надминаа очекувањата, достигнувајќи 15 милијарди долари

Шпанија и Аргентина вечерва во големото финале на СП 2026

Англија ја победи Франција со 6:4, Сака постигна хет-трик, Мбапе постигна два гола