Утрински Весник
Свет

Браќата Тејт уапсени во Мајами по барање за екстрадиција од Велика Британија

Image 2026 07 19 090151391.png

Контроверзните инфлуенсери Ендру и Тристан Тејт вчера беа уапсени од страна на федералните власти во Мајами, соопшти Американската маршалска служба. Тие се уапсени откако британските власти објавија дека поднесуваат нови обвиненија против нив, јави Би-Би-Си.

Портпаролот на службата Брејди Меккарон изјави дека судските документи и останатите материјали поврзани со случајот засега нема да бидат објавени во јавноста.


Кралската служба за обвинителство на Обединетото Кралство (ЦПС) соопшти дека Ендрју Тејт се товари со седум нови точки за силување, како и со други обвиненија поврзани со наводни кривични дела како што се трговија на луѓе заради сексуална експлоатација и детска порнографија.

Тристан Тејт е обвинет за едно дело сексуално напаство, две дела силување и три дела организирање или помагање во трговија на луѓе заради сексуална експлоатација. Наводните кривични дела се случиле во периодот од јули 2010 до август 2017 година.

Браќата Тејт претходно ги отфрлија сите обвинувања и негираа каква било неправилност.

– Овие одлуки за поднесување обвиненија следат по приемот на дополнителен досие со докази од полицијата во Бедфордшир и го зголемуваат вкупниот број на наводни жртви во случајот на седум – изјави Малколм МекХафи, шеф на Одделот за специјални кривични дела во Кралската служба за обвинителство.

Американските маршали потврдија за Би-Би-Си дека браќата Тејт се во притвор, додека портпаролот на Министерството за правда на САД изјави дека апсењето е извршено „во рамките на постапката за екстрадиција“.

ЦПС во своето соопштение наведе дека побарала екстрадиција на браќата од САД.

Можете да прочитате

Аеродром и пристаниште во јужен Јордан се евакуирани поради закана, соопшти Американската амбасада во Аман

Ферибот со 116 патници потона крај брегот на Гвајана, досега спасени само осум лица

Најмалку 11 загинати во Газа во израелски напади и покрај примирјето