Утрински Весник
Свет

Европа излегува на улици – Тридневни протести планирани во седум земји поради високите трошоци за живот и вооружувањето

20261031170427 big 730x400 99 e1793527754585.webp.webp

Европа ја очекува тридневен бран протести што ќе се одржат истовремено во седум земји со барања за ограничување на цените на становите и кириите, зголемување на платите и пензиите и запирање на брзото вооружување на европските земји. Дополнителни барања вклучуваат контрола на цените на храната и енергијата, зачувување на квалитетни јавни услуги, заштита на работничките права и повисоко оданочување на најбогатите. Организациите, исто така, се спротивставуваат на враќањето на политиките за штедење, кои ги поврзуваат со барањата на доверителите на јавниот долг и истовремено зголемување на воените трошоци.

Посебен дел од нивната платформа се однесува на спротивставувањето на понатамошното вооружување и употребата на фосилни горива, со што се поврзуваат економските барања со социјалните и еколошките политики.


Во Париз беше постигнат договор за заедничко дејствување на состанок на претставници на синдикати, здруженија на станари и социјални движења од Португалија, Белгија, Шпанија, Франција, Грција, Италија и Велика Британија.

Според планот на организаторите, протестите ќе се одржат на 20, 21 и 22 ноември, јавија португалските медиуми.

Тереза ​​Мамеде, претставничка на Лисабонскиот синдикат на станари и една од портпаролите на движењето „Акампада“, потврди дека е договорена координирана мобилизација во сите земји учеснички.

Во заедничка декларација, организациите предупредуваат дека становите стануваат се помалку достапни, додека цените на основните потреби и транспортот продолжуваат да ги оптоваруваат буџетите на домаќинствата. Организаторите веруваат дека товарот на економските проблеми се повеќе се префрла на граѓаните, особено на вработените, пензионерите и закупувачите.

 Претстојната мобилизација би можела да обедини различни незадоволства низ цела Европа – од кризата со домувањето и падот на куповната моќ до несогласувањата со зголемувањето на трошоците за одбрана. Степенот до кој овие барања ќе се претворат во масовни протести и конкретен политички притисок ќе се покаже во текот на трите дена од ноември, јавија француските медиуми. 

Можете да прочитате

Трамп им честиташе на демократите по поразот на меѓуизборите во САД

Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на војната во Иран

Европската комисија ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година