Утрински Весник
Спорт

Алкараз спаси две меч-топки и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Париз

20261031190507 big 730x400 59.webp.webp

Во маратонски меч што траеше 165 минути шпанскиот тенисер Карлос Алкараз успеа да обезбеди полуфинале на Мастерс 1000 турнирот во Париз откако во четвртфиналето спаси две меч-топки и го совлада Тејлор Фриц со 2:1 во сетови. Првиот сет му припадна на Фриц со 7:6-12:10 на поени во тај-брејкот. Во вториот сет Американецот Фриц не искористи две меч-топки, по една во деветтиот и во десеттиот гем, а Алкараз ја реализираше третата сет топка за 7:5 во гемови во вториот сет.

Во решавачкиот сет Алкараз направи брејк во четвртиот гем и ја искористи првата меч-топка за 6:3 во гемови и пласман во полуфиналето.


Негов ривал денеска ќе му биде Каспер Руд од Норвешка, кој со 2:0 во сетови го победи Нуно Боржес од Португалија.

Во првото полуфинале ќе играат Лука ван Аше и Бен Шелтон.

Можете да прочитате

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028

Шок и тага во Шпанија: Фудбалер на Тенерифе почина по драмата на теренот