
СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.З.(66) од с. Слупчане, Општина Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“.
„Во текот на 2021, 2022, 2023 и 2024 пријавениот, во својство на службено лице–матичар во Управа за водење на матични книги, месна заедница во с. Слупчане, внесувал невистинити податоци и изготвувал невистинити изводи за странски државјани, прикажувајќи дека наводно склучиле брак пред пријавениот“, велат од МВР.


