Утрински Весник
Свет

САД извршија нови воздушни напади врз Иран откако загинаа американски војници во Јордан

Iran Napadnat.jpg

Соединетите Американски Држави вчера извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ).

Според соопштението, нападите имале цел веднаш да го казнат иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) по загинувањето на двајца американски војници во Јордан при ирански напад во петокот.


Од ЦЕНТКОМ наведоа дека ударите биле насочени и кон дополнително намалување на способноста на Иран да го попречува сообраќајот на нафтени танкери низ стратешки важната Ормуска Теснина.

Во меѓувреме, ирански медиуми јавија дека американските сили синоќа извршиле напади во близина на јужниот ирански град Сирик.

Одбранбените сили вчера соопштија дека двајцата американски војници загинале во Јордан за време на заедничка операција на американските и на партнерските сили против напад со ирански балистички ракети и со беспилотни летала. Еден војник се води како исчезнат, додека четворица други биле хоспитализирани во Јордан и по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

Можете да прочитате

Во Германија се признаваат се повеќе странски квалификации

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува во САД

Повеќе од 100 загинати при уривање на рудник за злато во Централноафриканската Република