Утрински Весник
Спорт

Клоп: Токму ваков триумф ни беше потребен

Клоп: Токму ваков триумф ни беше потребен
Ss2

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше повеќе од среќен со победата над Глазгов Ренџерс од 2:0 во групата А од Лигата на шампионите. Тој призна дека на неговиот тим му беше потребен токму таков настап и токму таква победа за да си ја врати самодовербата по бледите игри во последно време.

dobivaj vesti na viber

„Токму тоа ни требаше. Беше солидна претстава, беспрекорна дефанзивна игра, сите се вклопија во новата игра. Понекогаш треба да се менуваат работите. Сигурно беше изненадување за Глазгов Ренџерс како бевме поставени на теренот. Победивме со 2:0 и јас сум повеќе од среќен“, призна Клоп.

Ss1

Германецот посвети многу повеќе внимание на дефанзивниот дел од тимот, со оглед дека тоа е најголемата маана на Ливерпул на стартот од сезоната.

„Ја трениравме оваа формација само еднаш. Им кажав на играчите како сакам да играме и мислам дека тие се покажаа добро. Понекогаш немавме среќа со офанзивните акции, но во дефанзива бевме непробојни“, дополни Клоп.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал