Утрински Весник
Свет

Мекгинти: Има загинати и повредени во пожарот во воената база во Алберта

Image 2026 10 18 163624150.png

Има „загинати и повредени“ во големиот пожар што канадската воена база Вејнрајт во провинцијата Алберта, предизвикан од „сериозен инцидент“, изјави денеска министерот за национална одбрана на Канада, Дејвид Мекгинти.

Тој не наведе конкретни бројки ниту детали за причините за инцидентот.


Лекар во болница во Едмонтон – која се наоѓа на околу 200 километри северозападно од базата Вејнрајт – го опиша пожарот како „катастрофа што се случува еднаш на 15 до 25 години“. Тој додаде дека здравствената установа моментално е преоптоварена со пациенти.

Според Министерството за национална одбрана, инцидентот се случил ноќеска по средноевропско време.

Премиерката на Алберта, Даниел Смит, изјави дека најголем дел од нстраданите се припадници на воениот персонал.

Утре, во овој канадски регион богат со нафта, треба да се одржи необврзувачки референдум за независност. Жителите на Алберта ќе одлучат дали покраината треба да остане дел од Канада или ќе започне правен процес за за отцепување.

Премиерот на Канада, Марк Карни ги повика жителите на Алберта да ја отфрлат иницијативата за отцепување од Канада бидејќи како што наведе, „референдумот доаѓа во најлош можен момент кога светот станува се поопасен и поделен, а некои од надвор се обидуваат да ги поделат Канаѓаните и да ги стават под своја контрола“.

Можете да прочитате

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата

Израелски доселеници нападнаа европски дипломатски конвој на Западниот Брег

„Њујорк тајмс“: САД предлагаат Европа повторно да купува руски гас како дел од мировниот план за Украина