Утрински Весник
Свет

Во Сомалија се поголем број деца умираат од глад поради сушата

Во Сомалија се поголем број деца умираат од глад поради сушата
Ss2

Во Сомалија се поголем број деца умираат од глад поради најголемата суша во земјата во последните 40 години, објави денеска Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Претставниците на сомалиската влада предупредуваат дека таа земја може да ја снајде уште поголема катастрофа во наредните денови, доколку не пристигне поголема помош од меѓународната заедница.

300x250 (7)

Во Сомалија, повеќе од две третини од децата и бремените жени, раселени поради суша и во кампови, страдаат од акутна неухранетост, а процентот на смртни случаи поради глад е висок, што покажува дека декларацијата против глад во таа земја усвоена од Обединетите нации задоцнија.

Повеќе од половина од населението на Сомалија, кое е погодено од актуелната суша, се наоѓа во областите контролирани од терористичката група Ал Шабаб, што го отежнува доаѓањето на храна и лекови до тие области.

Затоа е планирана испорака на помош по воздушен пат.

Американскиот Стејт департмент неодамна испрати нова финансиска помош за Сомалија,пренесуваат медиумите.

Ss1

Можете да прочитате

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа

Бајден со задоволство ќе учествува на дебата со Трамп

Израел го извести Египет дека дава „последна шанса“ да го реши прашањето за заложниците