Утрински Весник
Македонија

Мисајловски: Со реформа во Армијата трајно се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст

Image 2026 10 20 144810986.png

Со реформа во Армијата трајно се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст и се овозможува да останат во Армијата како цивилни лица со трансформација на работниот однос од определено на неопределено време, информираше министерот за одбрана Владо Мисајловски, на заедничка прес-конференција со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и претставници на синдикалните здруженија во одбраната. 

Одлуката, појасни Мисајловски е донесена денеска на седница на Влада, а решението е договорено и усогласено заеднички со Армијата и војниците. 


-Решението значи дека војниците конечно заслужено ќе можат да бидат задоволни и сигурни и по својата 45 година. Остануваат сите опции – отпремнина, трансфер во институциите, но со оваа реформа правиме можност секој војник да може да остане како цивилно лице во Армијата – изјави Мисајловски. 

Ова е целосно ново решение и, како што посочи Мисјаловски, не е дел од Колективниот договор, за кој преговорите продолжуваат. 

Началникот Лафчиски, нагласи дека ова се прекрасни вести за професионалните војници со оглед дека ова горливо прашање се провлекува повеќе од 15 години. 

-Обврската околу обезбедување на гарнизоните и касарните и имотот на Армијата е на единиците, како терцијална дополнителна обврска на тие единици. Со ова предлог решение обезбедувањето ќе биде обврска на единиците во кои ќе бидат распределени професионалните војници кои навршуваат 45 години – изјави Лафчиски. 

Ве уверувам, нагласи Лафчиски, дека не постои подобар персонал од професионалните војници кои ќе се одлучат да го трансформираат работниот однос за извршување на оваа обврска. 

Месечните примања, вклучително сите додатоци на плата, како што беше посочено, ќе останат исти и ќе заминат во пензија согласно истите правила согласно Колективните договори во Армијата. 

Според првичните проценки, околу 100 професионални војници би можеле да ја искористат новата можност веќе во 2027 година.

Можете да прочитате

„Платформа 12:05“: Сите ви се виновни за поразите, само Филипче не!

СДСМ: Власта штанца кривични по нарачка за неисплатени пари – додека го штити криминалот на Мицкоски

Кривична пријава против Макрадули: Сомнежи дека неплатени долгови ја чинеле „Пошта“ речиси 11 милиони денари камата