Утрински Весник
Свет

Казнет Хрват оти му рекол на полицаец дека и овца е попаметна од него

Фаќал келнерка за задникот, добил затворска казна: Не може тоа така во Хрватска

51-годишен Хрват од Славонија, судот го прогласи за виновен оти на 22 октомври минатата година во писмена претставка му напишал на полицаец дека „и овца е попаметна од него“. Судот оцени дека обвинетиот сторил прекршок од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир со омаловажување и навреда на полициски службеник при вршење на службената должност и изречена му е глоба од 19,91 евра, пишува Глас Славоније.

dobivaj vesti na viber

Казната треба да ја плати во рок од 30 дена од приемот на пресудата, а доколку во наведениот рок плати две третини од глобата која изнесува 13,27 евра, ќе се смета дека казната е целосно платена.

Во својата писмена одбрана, обвинетиот признал дека во писмената претставка против постапувањето на полицијата, меѓу другото напишал дека „овца е попаметна“ од еден од полицајците. Но, се бранел дека не сакал да го навреди полицаецот, посочувајќи дека е свесен за тежината на полициската работа бидејќи и неговиот вујко е полицаец.

Тој тврдеше дека наведената навреда ја напишал во афект бидејќи бил разочаран и вознемирен од начинот на кој полицијата се однесувала кон него. Тој побара од судот да му прости или барем да му ја намали казната бидејќи е во пензија и има мали примања. Судот утврди дека обвинетиот во изминатите три години не бил казнет за прекршок.

Можете да прочитате

ОН бара израелските сили да запрат со „активното учество“ во нападите на доселениците врз Палестинците

Русија и Украина два месеци преговарале со Турција за договор за обезбедување безбеден транспорт во Црното Море

Маркус Пипер се повлече од местото претставник на ЕУ за мали и средни претпријатија