
Илијана Јотова е победничка на претседателските избори во Бугарија според резултатите од паралелното пребројување на агенцијата „Алфа рисрч“, објавени од Бугарската национална телевизија (БНТ). Овие податоци не се официјални резултати на Централната изборна комисија.
При целосно обработен примерок, со пресек до 20 часот по бугарско време, Јотова и кандидатот за потпретседател Кирил Влчев освоиле 57,4 отсто од гласовите. Нивните противкандидати Андреј Ѓуров и Георги Кандев добиле поддршка од 39,6 отсто.
Разликата меѓу двете кандидатски двојки изнесува 17,8 процентни поени, додека три отсто од гласачите ја избрале опцијата „не поддржувам никого“.
Претходно, предност на Јотова ѝ дадоа и излезните анкети на агенциите „Алфа рисрч“ и „Мјара“, но со помала разлика во однос на Ѓуров.


