Утрински Весник
Македонија

Канцеларијата на Народниот правобранител отвори бесплатна линија за пријавување на повреда на избирачкото право

Naroden Pravobranitel Ombudsman.jpg

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржувањето на двојните избори во Македонија, вториот круг претседателски и парламентарни, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. Како што информираат од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза). -Утре на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996, Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител. Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Можете да прочитате

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Во Македонија доаѓа ново невреме

Коѕијас: Грчката влада не само што не ги направи пропишаните меѓувладини дејствија, туку Мицотакис не ни стапна во Скопје

Мицкоски: Ќе се залагам за принципот „своето не го даваме, туѓото не го сакаме“