Утрински Весник
Македонија

Наунов за „Пулс“: Очекувавме Дејан Јованов и неговиот син да преземат одговорност

Img 8317.jpeg

Родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани очекувале барем дел од обвинетите да ја признаат вината, изјави Александар Наунов, татко на дете кое загина во трагедијата. Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ тој изрази разочарување од нивниот однос и посочи дека семејствата очекувале Дејан Јованов и неговиот син да преземат одговорност за случувањата во дискотеката.

„Очекувавме барем првообвинетите да ја признаат вината. Ако го направеа тоа, ние ќе ги гледавме со други очи. Барем да речеа дека трагедијата се случила во нивниот локал и дека се чувствуваат виновни“, истакна Наунов.


Тој изрази сомневање дека одбраната влијае врз начинот на кој обвинетите се изјаснуваат. Според Наунов, расправите се водат околу конкретните обвиненија, додека родителите сè уште очекуваат некој од обвинетите да преземе одговорност.

„За жал, никој не ја признава вината“, рече Наунов.

Во гостувањето тој побара да се утврди и како постапувале институциите задолжени за контрола на работењето на дискотеката и за безбедноста. Меѓу оние чие постапување, според него, треба да се испита ги посочи Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат, општинските служби и полицијата, како и обезбедувањето на објектот.

Можете да прочитате

Стојков за маршевите за правда: Ни велат дека сме досадни и дека им пречиме на бизнисите

Системот ги имал законите, но некој не постапувал според нив – Наунов за трагедијата во Кочани

Татко на загинато дете во „Пулс“: Полицијата требаше да го спречи концертот