Утрински Весник
Македонија

Системот ги имал законите, но некој не постапувал според нив – Наунов за трагедијата во Кочани

Img 8321.jpeg

Повеќе од една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Александар Наунов, татко на дете кое загина во пожарот, прашува дали државата извлекла поука и што се променило во работењето на институциите. Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, тој изрази разочарување од институциите и побара одговорност од оние што биле должни да ги спроведуваат законите.

Според Наунов, единствената позначајна законска промена по трагедијата е забраната за употреба на пиротехника во затворени објекти. Тој оцени дека проблемот и пред пожарот бил во примената на прописите.


„Тоа е доказ дека сме имале добри закони, но не се спроведувале. Системот ги имал законите, но некој не постапувал според нив“, нагласи Наунов.

Тој порача дека промените ќе се видат во тоа како институциите ги спроведуваат законите во пракса. Побара да се утврди кој имал обврска да постапи и дали ја исполнил таа обврска.

Можете да прочитате

Стојков за маршевите за правда: Ни велат дека сме досадни и дека им пречиме на бизнисите

Наунов за „Пулс“: Очекувавме Дејан Јованов и неговиот син да преземат одговорност

Татко на загинато дете во „Пулс“: Полицијата требаше да го спречи концертот