Утрински Весник
Македонија

Андонова: Има случаи кога децата сами пријавуваат семејно насилство

Img 8394.jpeg

Има случаи во кои децата самите го пријавуваат насилството на кое се сведоци во својот дом, рече јавната обвинителка Спасенка Андонова во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. Таа објасни дека децата понекогаш се обраќаат до институциите кога нивните мајки, поради страв или економска зависност, тешко се решаваат да побараат помош.

„Има такви случаи. Децата кои биле постојано изложени на насилство ја гледаат немоќта на нивната мајка, нејзината преголема економска и материјална зависност“, истакна Андонова.


Долготрајната изложеност на насилство, според обвинителката, може да остави сериозни психолошки последици. Кај жртвата со текот на времето може да се појави чувство дека нема излез, а насилството да почне да го доживува како дел од секојдневието. Во такви околности, посочи Андонова, се случува токму детето да го пријави она што се случува во домот.

Обвинителката нагласи дека и децата што го гледаат насилството може да претрпат сериозни последици. Затоа, рече таа, институциите треба да ги земат предвид безбедноста и интересот на децата при секоја интервенција по пријава за семејно насилство.

Навременото препознавање на ризикот и брзото постапување на надлежните, според Андонова, се особено важни за заштита и на жените и на децата што живеат во насилна семејна средина.

Можете да прочитате

По пријава за насилство, полицијата треба во рок од 12 часа да го извести обвинителот вели Андонова

ЈП „Македонијапат“: Поради силен ветер на неколку патни правци паднати дрва и семафор

Силен ветер со брзина од над 80 километри на час во текот на ноќва и утре претпладне