Утрински Весник
Македонија

Го побаравме договорот „Бехтел и Енка“, го добивме и работиме на него, вели Ивановска

Ивановска: Поразително за државата е доаѓањето на тим од Вашингтон
300x250 (7)

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го доби Договорот со американско-турскиот конзроциум „Бехтел и Енка“ што го побара како дел од документацијата за предметот што го отвори во однос на проектот за изградба на коридорите 8 и 10д по објавите во медиумите околу изборот на надзорот, посочи претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

dobivaj vesti na viber

Како што вели, комисијата формирала тим од четворица советници за анализа на предметот.

300x250 (7)

„Го побаравме договорот, го добивме и работиме на сите документи, што значи сега анализата е во тек“, изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Ивановска рече дека не може да каже рокови, но нагласи дека тој предмет „им тежи најмногу“ и оти со сите сили се вложени за да се сработи побрзо.

„Го формиравме тимот. Точно. Тимот е составен од четворица советници. Секој е специјалист во својата област. На пример, некој во јавни набавки повеќе, некој во делот за вработувањата. Имаме еден одличен истражувач, тој секако е вклучен. Советникот каде што по редовен пат, нели, по електронскиот систем се паднал предметот, членот на Комисијата Катица Николовска, јас се вклучив во предметот, така што со заеднички сили ќе истераме напред“, изјави Ивановска.

Како што истакнува таа, не може да се дадат строги рокови до кога би се сработел предметот.

 

Ss1

Можете да прочитате

Муцунски: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски, победи во општини 60 наспрема 2 – волјата на народот за промена на власта е јасна

Таткото на Вања оди во куќен притвор

Сообраќајка кај Градско-четири лица се повредени меѓу кој и двегодишно дете