Утрински Весник
Македонија

ДУИ до Влен: Молкот пред величењето на геноцидот е соодговорност

Dui.webp.webp

Молкот пред величењето на геноцидот е толеранција, а толеранцијата во власта е соодговорност, се вели во денешното соопштение од опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) откако на социјалните мрежи на Демократската партија на Србите во Македонија, чиј претседател е актуелниот министер за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ и на актуелниот директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ имаше објави во кои се глорифицираше ликот на осудениот воен злосторник, Ратко Младиќ кој завчера почина во Хаг.

Од партијата и вчера посочија дека објавите на текст на социјалните мрежи кои упатуваат на пофалби за ликот и делото на воен злосторник претставува мегаскандал, особено што тоа доаѓа од партнер на Влен во Владата.

„Заради неколку фотелји, Влен избра да владее заедно, да молчи и да толерира. Историјата ќе ја памети оваа заедничка историја на ВЛЕН со неговите партнери: молк пред величењето на злосторниците и потчинување пред власта“,
се вели во соопштението.

Според ДУИ, Влен се однесува како да е невладина организација или опозициска партија и чека да реагира јавноста и другите партии, па потоа да излезе со формална реакција за да, како што велат, си ги измие рацете.

„Влен не е набљудувач, туку е во Владата и е соодговорен за партнерите што ги одржува на власт и за се што толерира заради фотелјите“,додаваат оттаму.

Од партијата сметаат дека до оваа состојба не е дојдено случајно, туку како резултат на политичари кои личната кариера ја ставуле над се, кои трпат, молчат и толерираат само за да останат на позициите и функциите.

„Го толерираа доаѓањето на Милогад Додик и неговите антиевропски и проруски говори. Во меѓувреме Влен изгради економски и енергетски односи и партнерства со структури од Србија и Република Српска, од Алта банка до договорите во енергетскиот сектор и проектите за гасификација“,

Затоа, според ДУИ, величењето на воените злосторници од страна на Влен не е изолиран инцидент и е дел од политиката на молк, толеранција и потчинување кон партнерите во власта.

„‘Српскиот свет‘ длабоко навлезе во политичките и институционалните структури на земјата, за што постојано се изразува загриженост и во европските извештаи, додела Влен избра да биде дел од оваа реалност“,
додаваат од опозициската партија.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокризија на Филипче, додека обвинува за српски свет, советник на Заев фатен како соработник на БИА

Уапсен крадец од Тетово – 24info.mk

Маж натепан и ограбен од жена во струшко село