Утрински Весник
Македонија

Возрасна жена во Куманово удрена од автомобил, возачот побегнал од местото

Policija Lenta.png

На 31.08.2026 околу 12:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Лесковачка” во Куманово, патничко возило „пежо” со скопски регистарски ознаки удрило во 79-годишната В.Д. од Куманово, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот. 

Можете да прочитате

Станот како дом или како капитал?

Утре Македонија под портокалова фаза поради високи температури

Воздушна битка со пожарот кај „Јасен“: ДЗС ги крена сите три „Ер трактори“