Утрински Весник
Македонија

Пијан тетовец ги нападнал сопругата и ќерката, полицијата го уапси

Lisici.jpg

На 31.08.2026 околу 20:00 во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Теарце, го лишија од слобода Ј.Б.(51) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во 19:40 часот во селото физички ги нападнал својата сопруга и нејзината малолетна ќерка.

При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта. Исто така, при преземање мерки тој се однесувал агресивно и не ги почитувал наредбите на полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Петровска: Нема разлика во цената на хеликоптерите, Мисајловски избегнува соочување

Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели

Денови на македонска култура во Будимпешта 2026: гастрономија, музика и скулптура во есенското издание