Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

3 image 2026 09 01 at 14.52.39.jpeg

На маргините на Бледскиот стратешки форум 2026, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе.

На средбата, министерот Муцунски ја потврди посветеноста кон принципите и обврските што произлегуваат од членството во Советот на Европа, Европската конвенција за човекови права и другите релевантни правни инструменти. Во тој контекст, ја нагласи важноста од почитувањето и спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Соговорниците разговараа и за реформската агенда и усогласувањето со европските стандарди, како и за актуелните геополитички предизвици, со посебен акцент на војната во Украина, поддршката и солидарноста со Украина и значајната улога на Советот на Европа во тој контекст.

На средбата беше изразено и очекување конструктивната соработка дополнително да се продлабочи во пресрет на шестмесечното претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели

Денови на македонска култура во Будимпешта 2026: гастрономија, музика и скулптура во есенското издание

Денеска се празнува 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба